Monday, January 15, 2018

Националисти од Македонија и Бугарија се поклонија пред плочата на Мара Бунева

По повот деведесет годишнината од херојскиот подвиг и саможртва на тетовчанката Мара Бунева националисти од две бугарски организации меѓу кои се наоѓаше и едно момче од Португалија, како и активисти и симпатизери на Национална Борба, иако во многу мал број дојдоја и за прв пат заедно без провокации со меѓусебна почит и без популистички партии во сопствена режија го одбележаа поменот и оддадоа почит на местото каде што пред деведесет Бунева го изврши атентатот врз српскиот обвинител Прелиќ. На заедничкото чествување беа испратени пораки кон нашите истомисленици кои не беа во можност да дојдат, како и кон досегашните провокаторски и шовинистички истади од двете страни. Оваа средба претставува преседант и е прва за ваков настан,  прва од ваков карактер и  повторно ќе истакнеме дека е направена без популистичките и псевдопатриотски партии кои играат на национална карта само за време на избори. Денес Македонија и Бугарија имаат исти непријатели и исти проблеми како политички така и национално-економски и настаните и личностите како Мара Бунева треба да не обединуваат. Затоа што борбата на денешните националисти во Европа не се води за територии туку за одбрана на националните држави кои се пред сериозна закана да престанат да постојат.

No comments:

Post a Comment